Демонстрантите со овации го пречекаа пикапот пред СЈО

by fokus

Возачот на комбето со музика на Шарената револуција, како и секој ден претходно и вечерва пристигна на збирното место на демонстрантите.

Пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, демонстрантите со овации го поздравија шоферот Џовани, кој вчера до доцна вечерта беше на распит во полициската станица „Пролет“.

Нему му се заканува кривична пријава поради „муницијата” на Шарената револуција, а полицијата го товари дека сторил кривично дело оштетување на туѓи предмети.

Поврзани новости