Шарените револуционери, кои застаа зад иницијативата „На мегдан“, денеска ќе се сретнат до кандидатот на СДСМ и коалицијата за претседател, Стево Пендаровски, кој ќе одговара на нивните прашања. Средбата ќе се одржи во 14:50 часот во кафе барот Mr. Jack, а настанот ќе оди во живо на фејсбук страната на иницијативата.
Од таму велат дека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ се уште одбива да се сретне со нив.
„Поради ограничениот број на места, како што најавивме од почетокот, предност ќе имаат поддржувачите на иницијативата, односно оние кои со име и презиме застана зад неа. Останатите места се за другите заинтересирани кои би дошле на настанот. За жал, Гордана Сиљановска се’ уште одбива да се сретне со нас и да одговори на прашањата од граѓаните од кои очекува поддршка. Се надеваме дека ќе најде време во агендата пред предизборниот молк и ќе го промени ставот. По настанот, ќе објавиме резиме од дискусијата“, велат од граѓанска иницијатива #НаМегдан.