517
Шарените револуционери денеска напладне блокираа три крстосници во центарот на Скопје, кај Соборниот храм, судската палата и кај Црвениот крст.
Ова се дел од засилените активности со кои преставниците на граѓанскиот сектор го покажуваат револтот од неисполнувањата на нивните барања, пред се делумното повлекување на одлуките за аболиција.
„Ова е блокада за правда и слобода. Ова е блокада против аболиции за криминалци. Ова е блокада за граѓанскиот глас да продре подлабоко во системот кој е окупиран од режим. Ги замолуваме сите граѓани за трпение и за поддршка! Ако се соочите со блокада, приклучете се, свирнете за поддршка, свирнете за себе и за слободна Македонија“, порачуваат од Шарената револуција.