427
Социјалната неправда и лошите политики за вработување се во фокусот на дешениот протест, кој како и во претходните денови, започна пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.
Под мотото „Младите си отидоа, партијата се вработи” стотици граѓани го започнаа денешниот марш.
„Ние веќе не се плашиме. Се исправаме против овај режим кој ја создаде најдлабоката нееднаквост во регионот, протестираме и се спротивставуваме за да не дозволиме уште еднаш да се повтори вакво владеење.” – порачаа од иницијативата „Протестирам”