491
Жителите од улицата Букурешка во Тафталиџе 1 денеска пак излегоа на протест против новиот урбанистички план, со кој на местото на паркот во населбата е предвидено да се гради зграда.
Карпошани денеска застанаа во одбрана на урбаниот хорор што и се случува на населбата и порачаа дека нема да дозволот зеленилото да стане стамбен комплекс.
Кон јавниот протест се придружија и деца од населбата кои со транспаренти порачаа дека паркот не го даваат.
Инаку, жителите вчера ги турнаа тарабите со кои беше оградено местото на градење, а на околните дрвја оставија пораки со кои порачуваат надлежните да не градат згради, бидејќи сакаат зеленило.