Шарените потсетија: Имате уште 9 дена!

by fokus

Демонстрантите на Шарената револуција вечерва со герила акција потсетија на својот ултиматум и на раскрсницата во близина на СЈО испишаа голема „деветка”, колку што има денови до истекот на рокот за нивните барања.

Додека герилците ја фарбаа раскрсницата, полициските сили брзо се распоредија и ја блокираа улицата кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Шарената револуција бара Уставниот суд  да се произнесе за уставноста и законистоста на СЈО и да престане прогонот на демонстранти.

Доколку нивните барања не се исполнат до 18-ти јуни тие најавија дека „правдата ќе ја преземат во свои раце, на свој начин”.

Поврзани новости