2 400 евра казна за демонстрант на Шарената револуција

by fokus 21:35
21:35

Активистот Жаре Стеваноски, еден од  најистакнатите борци на Шарената револуција во Прилеп е казнет со 2 400 евра за направен сообраќаен прекршок за време на протестите, јави „24 Вести“.

Тој беше на распит во полиција по втор пат за време од две недели, а паричната казна беше исходот на денешниот информативен разговор.

Додека Стевановски бил на распит,  демонстрантите со полициски кордон биле спречени да протестираат пред полициската станица.

Инаку, едно од главните барања на Шарената револуција е да престане прогонот на демонстранти и дадоа рок до 18-ти јуни да се ослободат притворените демонстранти и да се повлечат кривични и прекршочните пријави за сите останати соборци.

Поврзани новости