558
Денешниот протест на Шарената револуција има два фокуса: едниот е не за избори без избор, односно само со една политичка партија, а другиот е за еднаквост на сите луѓе без разлика на нивната сексуална или било каква друга припадност. Повод за тоа е денешниот ден кој е ден на борба против хомофобијата и трансфобијата.
Граѓаните од 18 часот се собираат пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, а двата главни транспаренти се „Шарам, правда барам“ и „Молкот = смрт“. Има и натписи како „Браќа стрејтери, нашата слобода е и ваша еманципација“ и „Протестирам против селективна правда“.