По барање на одбраната одложен распитот за „ТНТ“

by Фокус 17:55
17:55

Судијата денеска го одложи распитот на осомничените во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство. Одложувањето е по барање на одбраната, која побарала дополнително време да го завршат увидот во предметот и доказите. Новиот термин за распит во Кривичниот суд е закажан за 23 месецов.

Специјалното јавно обвинителство го отвори овој случај на 21 април. Според СЈО, поранешниот премиер Никола Груевски и бившиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го поттикнале градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски да го сруши комплексот „Космос“, сопственост на Фијат Цаноски, претседател на Партијата за Европска Иднина (ПЕИ).

- Advertising -