472
Се поголем е бројот на демонстранти кои се собираат на протестот пред Специјалното јавно обвинителство.
Вечерашниот протест на Шарената револуција е насловен „Граѓаните ја земаат правдата во свои раце“ и доаѓа откако ултиматумот на активистите не беше исполнет.
Шарената револуција бараше Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО и да престане прогонот на демонстранти, но бидејќи власта ги игнорираше и двете барања активистите порачаа дека демократијата ќе ја преземат во свои раце.
На протестот има демонстранти од различни градови, а протестот се снима и со дрон.