Демонстрантите тргнаа кон Влада: Доаѓаме по правдата!

by fokus 20:08
20:08

Огромен број на демонстранти во моментов се движат кон Владата на Република Македонија.

Шарената револуција вечерва најмасовно ќе застане во одбрана на Специјалното јавно обвинителство, за чија уставност и законистост Уставниот суд ексивира да расправа.

„Ние не простуваме! Ние не дозволуваме преговори за нашата иднина и иднината на нашите деца водени зад затворени врати! Лути сме и гневни на политичките елити што предолго нè држат во статус кво со неуспешни и нетранспарентни преговори без учество на граѓаните! Доста ни е од преговори во кои ние сме нем и пасивен набљудувач! – порачаа организаторите на протестот.

На патот кон Влада ечи „Бела чао”, а демонстрантите скандираат и „Шутка не ти бега Никола”

13487810_10207451722545629_2045040621_n13479813_10210109641922727_1405892069_n

13479477_10209757921369742_301111588_n (2)

Поврзани новости