396
Голем број граѓани и вечерва се собраа на протест против законот за аболиција. Бројот на демонстранти кои во моментов се наоѓаат пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство секоја минута се зголемува.
Тие и вечерва ќе го изразат револтот против одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичари и ќе бараат одложување на изборите закажани за 5-ти јуни.
Инаку, поради учество во т.н „Шарена револуција” денеска кривична пријава доби граѓанскиот активист и член на партијата Левица, Здравко Савески.
Неговото апсење предизвика остри реакции кај голем дел од граѓанските здруженија и политички партии.