Кривична пријава за Здравко Савески

by Фокус 17:06
17:06

Граѓанскиот активист и член на партијата „Левица” Здравко Савески, денеска доби кривична пријава поради учество во „Шарената револуција”.

Савески се товари дека направил кривично дело со тоа што влегол во демолираната канцеларија на претседателот Иванов, фрлал со предмети и запалил негова фотографија.

- Advertising -

МВР поднесе кривични пријави против Савески и уште едно лице, со кое утрово беа изведени на распит пред Основното јавно обвинителство  поради „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Од Левицата информираат дека најмалку 12 луѓе добиле покана за полициски информативен разговор, но поголем дел од нив не се појавиле на распитот во полициска станица.

Настаните за кои тие се теретат се поврзани со масовните протести на движењето „Протестирам“  и  т.н. Шарена револуција, кои почнаа по одлуката за аболиција на Претседателот Иванов.

Од Левица денеска изјавија дека апсењето на Савески е отворен прогон на членовите на партијата и претставува обид да се исплашат луѓето кои учествуваат и ги поддржуваат масовните протести на граѓанската иницијатива „Протестирам“.

 

Поврзани новости