Шарената револуција на пладне ќе го „парализира” Скопје

by fokus

Откако најавија радикализација на протестите, Шарените револуционери денеска  својот револт ќе го изразат со блокада на главни улици низ Скопје.

Точно на пладне блокирани ќе бидат крстосниците кај Судска палата, Црвен крст и кај Соборниот храм.

Со блокирањето на улиците и со мирен и достоинствен протест, демонстрантите сакаат да покажат како изгледала Македонија во годините што изминале

-Нашиот протест ќе биде мирен и достоинствен. Ние живееме во блокирана држава, со блокиран пристап до правда, со блокирани и партизирани институции. Ќе го оневозможиме движењето како што со години оваа власт ги оневозможува еднаквоста пред законот и слободата на граѓаните. Ве повикуваме масовно да се приклучите кон овој протест! Наместо да се лутите, свирнете за поддршка. Сетете се, сè што бараме е правда и еднаквост за сите нас. Ова е нешто што секој треба да го поддржи“, пишува во најавата на „Шарената револуција“.

Шарените револуционери имаатн пред се, две клучни барања :Уставниот суд да се прознесе за уставноста на СЈО и да прекине прогонот на демонстранти ( да се ослободат сите притворени и да се повлечат сите кривични пријави за останатите). Доколку овие барања не се исполнат до 18-ти јуни, велат дека слободата ќе ја преземат во нивни раце на нивен начин.

Поврзани новости