382
По паузата од четири дена поради празниците, денеска продолжува „Шарената револуција“. Од 18 часот граѓани почнаа да се собираат пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство како и на претходните протести.
„Нема правда, нема мир“, „Оставка“, „Робија“ и денеска одекнуваат по скопските улиците. Според маршутата, од Специјалното јавно обвинителство демонстрантите во секој момент се очекува да тргнат кон Собранието, а потоа и пред Владата.