Обвинети тројца лекари поради смртта на родилката во Гевгелија

by Фокус 17:04
17:04

По спроведената истражна постапка, Основното јавно обвинителство од Велес денеска поднесе обвинение против четворица лекари од гевгелиската болница поради смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе во октомври минатата година. Бидејќи едниот од лекарите во меѓувреме почина, истрагата за него е запрена.

Обвинети се  Т.В. лекар специјалист анестезиолог вработен во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, В.Ч. и Д.М. лекари специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Општа болница во Струмица.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „Тешки дела против здравјето на луѓето од чл.217 ст.2 в.в.чл.207 ст.1 од Кривичниот законик“.

 

Поврзани новости