Шарената револуција денеска против фашизмот во македонското опшество

by Фокус 09:57
09:57

Фокус на денешниот протест од „Шарената револуција“ која трае веќе пет недели ќе биде победата над фашизмот и фашистичките елементи во македонското општество.

На 9 мај, протестираме против режимот кој убива и крие убиства, тепа, апси и заплашува, мести избори, ги задушува независните медиуми, ја ограничува слободата на информирање, ги потиснува и понижува работничките и работниците, и ги востоличува непотизмот и корупцијата.

Денес, секој од нас извикува #Протестирам! против селективна правда, против донесувањето закони со кои сè е најстрого забрането, но само за оние кои не се дел од партиската врхушка. #Протестирам за општество во кое владее правото, а не за општество во кое власта се пресметува со „непокорните“ злоупотребувајќи го правото.

- Advertising -

Денес извикуваме #Протестирам! и против загушувањето на критичката мисла, против понижувањето на образовните и културните работници и работнички, против силеџиското претворање на образованието и културата во слуги на властодршците, против поделбите на „наши“ и „ваши“, на „патриоти“ и „предавници“ зависно потребите на режимот.

#Протестирам затоа што нè одродија, раскараа и поделија за полесно да нè манипулираат.

Извикуваме #Протестирам! и против злоупотребата на моќ во правосудството, каде оние што се спротивставуваат на режимот завршуваат во затвор или притвор, додека врхушката за која имаме докази дека извршила безброј криминални дела е недопирлива“, се вели во најавата за протестот.

Поврзани новости