Ванхојте откри дека се водат тајни преговори

by Фокус

Белгискиот експерт Питер Ванхојте, кој беше посредник помеѓу македонските политички партии во преговорите за потпишувањето на Договорот од Пржино, преку неговите мачки на Твитер откри дека партиите тајно преговараат.

-Политиката и уметноста на тајното преговарање. Молчете! Разговараме, но не им кажувајте на граѓаните, што помалку знаат толку подобро, стои на профилот на Ванхојте.

Освен ова, тој за начинот на преговарање напиша: Моите услови се едноставни: ветете дека ќе ме обожувате и дека ќе ги исполните сите мои барања. Сега потпишите овде.

Поврзани новости