Уште еден член на Левица повикан на информативен разговор

by Фокус 10:52
10:52

Денеска во 12 часот, членот на Президиумот на Левица, Мариглен Демири, е повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство Скопје, поради неговото учество во антирежимските протести кои започнаа со противправната и неправедна аболиција.

По тој повод, Левица ќе одржи прес конференција, денеска во 13 часот, пред Основното јавно обвинителство Скопје.

- Advertising -

-Потсетуваме и дека по претходните приведувања и апсења граѓанскиот револт само растеше. На граѓан(к)ите им е совршено јасно дека ваквите апсења се последниот очајнички обид на режимот да го скрши протестното движење и да се спаси. Граѓан(к)ите препознаваат селективна правда и затоа денес ќе излезат во уште поголем број на протест, за да ја повратат слободата и правдата, велат од Левица.

Поврзани новости