Шалтерски работници неовластено се „послужиле“ од благајна со над 150 илјади денари

by fokus

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Г.(52) од село Цапари, битoлско и В.С.(53) од Битола поради тоа што неовластено зеле вкупно над 100 илјади денари од благајната во пошти.

„На 08.09.2018 година првопријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта, подружница Битола, неовластено земал парични средства доверени на благајната во две пошти во селата Цапари и Кажани во износ од 143.432 денари. Второпријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта-подружница Битола, на 03.09.2018 година неовластено земал парични средства во износ од 22.510 денари кои биле доверени во благајната на пошта во село Кукуречани“, велат од МВР.

Поврзани новости