Шахпаска: Над 59 отсто од вработените во градинките се вакцинирани

by Fokus

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, објави дека дури 59 отсто од вработените во градинките се вакцинирани. Таа ги повика и останатите 40-тина проценти кои не се вакцинирани да го направат тоа за да има безбеден престој на децата во градинките.

-Во изминатиов период вработените во градинките, воспитувачки, негувателки и технички персонал, сериозно пристапија кон процесот на вакцинирање и можам да објавам дека 59 проценти од вработените во градинките веќе се вакцинирани. Тоа говори за нивната општествена одговорност и грижата за најмладите додека престојуваат во градинките, изјави Шахпаска.

Таа потсети дека протоколот е промет и оти кај дечињата од 2 до 6 години сега е дозволено групите да бидат од по 20 деца, но ако епидемиолошката состојба дозволува МТСП би сакало да се овозможи престојот во градинка да биде во групи како и пред пандемијата.

 

Поврзани новости