Шахпаска: Минималната плата годинава ќе биде над 15.000 денари

by Фокус

Минималната плата се усогласува до крајот на март, согласно трите параметри од претходната година, односно една третина од порастот на просечната плата од минатата година, една третина од порастот на трошоците за живот и една третина од растот на бруто домашниот производ, истакна министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска, посочувајќи дека минималната плата годинава ќе биде 15.194 денари.

– Преземаме се за да порасне минималната плата, се разбира сето тоа во согласност со законите. За три години имаме пораст на минималната плата за 6.000 денари. Пораката која сакаме да ја испратиме е ние навистина се грижиме за работниците и во услови на најтешка пандемија ние ги правиме согласувањата кои се согласно со закон. Во текот на целата година со носењето на сите пакети финансиски мерки сакавме да ја подржиме економијата и да го зачуваме секое работно место кое беше основен приоритет – рече Шахпаска на Телма.

Поврзани новости