Груевски: Никогаш не сум влегол во хеликоптер

by Фокус

Никогаш во животот не сум влегол во хеликоптер – вака поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски реагираше откако премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека Груевски го користел државниот хеликоптер за приватни потреби. Заев ваква изјава даде во интервју на Канал 5 како одговор на прозивките дека денес го искористил хеликоптерот за да стигне на настан во Прилеп.

-Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат. Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено. Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите. На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери, па беше м’к (молк). Јас давам секогаш одговори. Никој не ме прашува дали сакам, можеби ми е страв. Трет или четврти пат го користам хеликоптерот за службени потреби – рече Заев.

Поврзани новости