По деблокадата, пратениците изгласаа уште 16 заглавени закони

by Фокус

Собранието вечерва изгласа 16 закони, кои беа во второ читање, односно за нив расправата беше завршена, но поради немање кворум и мнозинство гласањето беше одложено.

Владејачкото мнозинство брои 62 пратеници, а во изминатиот период се соочуваше со помал број пратеници поради тоа што некои од нив беа болни од Ковид-19 или мораа да отсуствуваат од работа од други причини.

Претходно, рамки на 38-та седница пратениците ги донесоа предлог законот со кој се одложува пописот за септември, како и измените и дополнувањата на Изборниот законик со којшто се предвидува воведување на терминали за отисок од прсти на локалните избори.

Поврзани новости