СГС за 1,2 милиони евра ќе го обезбедува ЕВН

by Фокус

Агенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервис“ (СГС), во наредните три години ќе ги обезбедува објектите на ЕВН, на целокупната територија на државата, а за услугата од австриската компанија ќе добие 1,2 милиони евра.

Зделката меѓу Австриците и агенцијата за обезбедување, зад која подолго време се шпекулира дека стои функционер од власта, е објавена на сајтот на Бирото за јавни набавки.

Агенцијата се натпреварувала сама со себе, бидејќи била единствениот учесник на тендерот.

На пазарот за обезбедување, агенцијата „СГС“, се појавија во 2011 година. Нивните обезбедувачи, две години по ред, се грижат за безбедноста на средните училишта во Град Скопје, а годинава се задолжени и за безбедноста на Музејот на ВМРО, објект од проектот „Скопје 2014“.

Поврзани новости