Анкета: Груевски ја губи битката со криминалот

by Фокус

И покрај негативните кампањи кон Зоран Заев што во овој период ги водеше ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните веќе ги перцепираат Заев и премиерот Никола Груевски како подеднакво способни, да се справат со криминалот и корупцијата во земјава, а предноста на овој план на Груевски од претходниот период е поништена.

Во септември, 37 отсто од анкетираните сметале дека Груевски е поспособен да се справи со криминалот и корупцијата, додека за Заев се изјасниле 28,4 отсто.

Во ова мерење, во месец ноември, процентите се изедначени, односно по 25,9 отсто за двајцата лидери. Анкетата ја нарача неделникот „Фокус“, а ја спроведе агенцијата „Рејтинг“, на репрезентативен примерок од 1.560 граѓани.

Повеќе детали читајте во најновиот број на неделникот „Фокус“.

Поврзани новости