Новата фонтана ќе жубори за 2,4 милиони евра

by Фокус 11:09
11:09

Новата фонтана, која во рок од шест месеци, треба да никне на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, ќе чини 2,4 милион евра. На тендерот на град Скопје за изведбата на фонтаната, конкурирале три фирми, а победата ја однела „Трансмет“ од Скопје.

Според идејното решение, површинската фонтана треба ќе се наоѓа помеѓу Камен мост и споменикот на Александар Македонски.

- Advertising -

Ќе има димензии 15 на 15 метри и ќе се состои од 128 прскалки, или ако употребиме весела математика, секоја прскалка ќе прска за 18.750 евра.

Предвидено е и околу фонтаната да се извадат сегашните плочки и да се постави нова коцка. Како дел од партерното уредување, на целиот простор ќе се постават нови стилски клупи, корпи и канделабри.

Поврзани новости