СГС влезе и во велешката Општа болница

by Fokus 12:35
12:35

Речиси 35.000 евра потрошила Општата болница во Велес за физичко обезбедување што е ангажирано да го обезбедува објектот, откако во последните неколку години во повеќе клиники и болници беа нападнати лекари и медицински персонал.

Според податоците што можат да се најдат на Бирото за јавни набавки, фирмата Секјурити Груп Сервисис (СГС) по вторпат ја добива можноста да ја обезбедува болницата, но на тендерот таа фигурира и како единствен понудувач. Новиот договор со СГС бил склучен на 15 март, 2017 година, зделка тешка 34.536 евра.

- Advertisements -

Фирмата за обезбедување СГС и лани, во истиот период склучи договор  со општата болница во Велес. Договорот беше склучен на 14 март, 2016 година, во вредност од 34.191 евра. Според податоците на БЈБ, на тендерот имало две понуди, а главен критериум за избор на СГС била најниската цена.

Луѓето облечени во униформи со знакчето на СГС можат да се сретнат уште на влезот на клиниката, каде според досегашната пракса не смее да помине никој без нивна контрола – од тоа каде одат, до кога ќе се задржат и за какви потреби.

Веќе неколку години, истата фирма за обезбедување ја обезбедува и скопската Клиника за Гинекологија.

Пред две години, во април, опозицискиот СДСМ објави „бомба“ во која тврдеше дека зад фамозната фирма СГС стои поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Тие на прес-конференција во Кавадарци обелоденија повеќе аудио – снимки со кои тврдат дека се докажува дека Мијалков е газда на агенцијата за обезбедување, која според нив, добивала милионски суми од владата на Никола Груевски.

Дополнително на ова, беше објавен разговор меѓу Мијалков и Дејан Митревски – Урко, поранешниот телохранител на премиерот Груевски кој се повлече од агенцијата за обезбедување „Лупус“ откако СГС почна да работи со полна пареа.

И.М.

Поврзани новости