869
Северна Македонија е многу транспарнетна и во однос на заболените и во однос на починатите од Ковид 19 и тоа многу ни помага, истакна советникот на регионалниот директор на СЗИ, Фабио Скано.
„Не треба да се споредувате со другите држави. Сите држави на различен начин се справуваат. Треба да бараме начин како да ја намалиме стапката на смртност. Треба да се заштитат пациентите кои имаат други болести и се поподложни на инфекцијата. Податоците за смртност се важни, но не може да се прави споредба со другите држави – вели Скано.