Помогнав во Комисијата за заразни болести да се отворат границите за гласачите на ДУИ да гласаат за премиер Албанец, истакна директорот на ЦЈЗ

by Fokus

Директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери ги повика иселениците да дојдат да гласаат за Албанец премиер на изборите на 15 јули, објави на својот фејбук профил.

Зибери се пофали дека помогнал да се отворат границите без протоколите препорачани од Светската здравствена организација

Тој е втор на листата на кандидати за пратеници на ДУИ во првата изборна единица и роднина  на Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за премиер. Тој на Фејсбук напиша и дека укинувањето на тестирањето и 14-дневната изолација за иселениците е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.

„Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер“, вели Зибери.

Поврзани новости