Она што го гледаме сега во Македонија е загрижувачко, истакна Скано

by Fokus

Фабио Скано, советник на регионалниот директор на Светската здравствена организација Европа истакна дека ова што сега го гледаме во Северна Македонија е загрижувачки.

„Она што го гледаме сега во Македонија е загрижувачко. Поуката која треба да ја извлечеме е дека се додека не се пронајде вакцина за Ковид-19 треба да се придржуваме на мерките. Вирусот нема брзо да си замине, тој коси животи – рече советникот на регионалниот  директор за Европа на СЗО, на денешната заедничка прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче.

– Одговорот на државата беше силен и навремен. Импресионирам сум од лекарите, медицинскиот персонал. Конкретно, заштитните мерки почнаа уште пред да се појави првиот случај на Ковид-19 во Македонија – рече Скано.

Агилниот одговор со пренамена на медицинските институции обезбеди доволно места за згрижување на болните, а мерките спречија ширење на болеста во старечките домови, што беше огромен проблем во други земји, смета тој.

Севрна Македонија до неодамна беше еден од најдобрите примери за справување со болести, додава Скано.

– Препорачуваме до Владата да се тестира, да се следи и изолира. Сите кои се болни треба да се самоизолираат. Секој поединец има обврска да помогне да се најдат сите позитивни случаи.- рече Скано, а додаде дека треба да миеме раце, да носиме маски и да одржуваме растојание.

 

Поврзани новости