Ким Јо-џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, предупреди дека Северна Кореја ќе уништи големи цели во Сеул, ако Јужна Кореја преземе каква било „опасна воена акција“.
Нејзината изјава уследи откако јужнокорејскиот министер за одбрана Сух Вук изјави дека неговата земја располага со проектили со значително подобрен дострел, прецизност и моќ, кои „можат прецизно и брзо да погодат која било цел во Северна Кореја“.
Сух наведе дека јужнокорејската армија може да одговори на севернокорејската ракетна закана и ја нарече Северна Кореја „непријател“.
Ким истакна дека тврдењата на Сух „„дополнително ги влошиле меѓукорејските односи и воените тензии на Корејскиот полуостров“.
Секретарот на Централниот комитет на Корејската работничка партија, Пак Јонг-чон посочи дека Северна Кореја „безмилосно ќе ги насочи сите свои воени сили да ги уништи главните цели во Сеул и војската на Јужна Кореја“, доколку јужнокорејската војска започне опасна воена акција како превентивен напад. Но, тој прецизираше кои се големите цели во Сеул.
Тензиите на Корејскиот Полуостров значително се влошија во изминатте неколку недели, откако Северна Кореја тестираше две балистички ракети на 26 февруари и на 4 март.