413
Посетата на заменик-помошникот на Стејт департментот за Европа и Евроазија Хојт Ји во Македонија покажа резултати, коментира експертот за балкански прашања Даниел Сервер.
-Ми изгледа дека Хојт Ји правилно постапи при неговата посета, и оти има некои резултати. Јасно е дека Американците првенствено се заинтересирани за заштита на демократијата во Македонија, со цел Македонија еден ден да стане дел од НАТО и од ЕУ, изјави Сервер за Гласот на Америка.
Тој додаде дека „на Москва не и` е грижа за Македонија, туку е заинтересирана да направи колку што е можно повеќе проблеми на Балканот, како и да го блокира патот кон Европската унија и кон НАТО“.