СДСМ: ДПМНЕ да престане да вовлекува недолжни граѓани во насилие за заштита на своите криминали

by fokus

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престане да злоупотребува граѓани за протести и да вовлекува недолжни граѓани во насилие со цел заштита на своите криминални интереси, се вели во денешнето соопштение на СДСМ.

-Македонија има легитимно парламентарно мнозинство и нов легитимен и признаен претседател на Собранието, избран според Деловникот, Уставот и законите во Р.Македонија. Демократските процеси продолжуваат во насока на формирање на новата реформска Влада. Сите лидери на политички партии, институции, вработени во институциите се должни да го овозможат формирањето на новата Влада, без одложување. Продолжувањето на државните процеси е врвен државен приоритет, стои во соопштението.

Од СДСМ потсетуваат дека погазувањето на државните интереси е неуставно и тешко кривично дело и повлекува одговорност.

Поврзани новости