МРТ не обезбедила навремено информирање за настаните во Собранието

by fokus

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го повика Програмскиот совет на МРТ да го преразгледа известувањето на јавниот сервис за случувањата во Собранието на РМ од 27 април 2017 годинапренесе агенцијата Макфакс.

Во дописот пишува дека Јавниот сервис е должен да обезбеди постојано, вистинито, целосно, непристрасно, праведно и навремено информирање за сите важни политички случувања. Ваквиот повик се должи на фактот дека МРТ не обезбедила навремено информирање за настаните во Собранието, делови од репортерските јавувања не беа во согласност со улогата и функцијата на јавен радиодифузен сервис и не беа организирани актуелно-информативни програми во кои ќе се дебатира за овие општествено-политички слулувања.

Поврзани новости