Сензација: Горан Пандев се враќа во Интер?!

by fokus

Потрагата на Интер по напаѓач се уште трае, а раководстовот на клубот е растрчано да му доведе офанзивец на стратегот Антонио Конте.

Во игра беше Жиру, па се споменуваше Љоренте, а последен во низата беше Петања, но на крајот би можело да се случи изненадување – Горан Пандев да се врати во Милано.

Според медиумите од Италија, тој е понуден на „нероаѕурите“ како последна опција, па сега на потег е клубот од Милано кој треба да одлучи.

И покрај тоа што е на залезот на кариерата, Конте смета дека Пандев со своето искуство може да му помогне на Интер, а олеснителна околност е тоа што струмичанецот не би чинел многу.

Поврзани новости