Сенатот на Универзитетот во Белград едногласно му го поништи докторатот на министерот за финансии Синиша Мали

by fokus

Сенатот на Универзитетот во Белград едногласно донесе одлука за поништување на докторската дисертација на министерот за финансии Синиша Мали, поради фактот што го има плагирано својот докторат.

Како што јави допсникот на МИА од Белград, за потврда на Комитетот за професионална етика гласаа 32 членови на Сенатот, против и воздржани немаше, ниту некој од присатните сакаше додатно да ја појасни одлуката.

Одлуката на Сенатот е конечна што се однесува до Универзитетот, а кандидатот против неа може да поднесе жалба до Управниот суд.

Поврзани новости