Димитров: Сега не треба да лицитираме со датуми, туку треба да направиме ситуација да не може да ни се каже не

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното гостување на телевизија Телма порача дека не треба да се праќаат пораки дека и пред мај може да се добие почнување на преговори со ЕУ.

-Ова треба да го искористиме максимално: од една страна да имаме подобар процес, од друга страна конечно да добиеме зелено светло. Јас би бил многу внимателен со порака кон граѓаните, со надежта дека во март може да се случи да почнат преговорите. Сега се помалку треба да лицитираме со датуми, туку треба да направиме една ситуација да е многу тешко и непристојно да ни се каже не. Македонскиот случај е многу драстичен, премногу години сме земја кандидат, а првата препорака стигна пред 10 години. Факт е дека денеска нашата демократија е многу поцврста, факт е дека има многу поголем притисок од граѓаните да се испорача правда… Нас не ни одговара битка меѓу земјите членки во ЕУ. Корисно е што државите членки разговараат за преговарачкиот процес. Макрон е во право кога вели дека процесот е предолг, а граѓаните не чувствуваат дека имаат дирекни бенефиции. Реверзибилноста е исто интересна идеја. Ако земја забега од патот, тогаш Брисел ќе може да рече сега ќе почнете од нула. За граѓаните ова е добра работа. Ако сме во овој процес да станеме европски, тогаш стрикноста не треба да не плаши, смета Димитров.

Поврзани новости