Димитров: Наместо политички кадри, сега назначуваме професионалци за амбасадори

by fokus

Претседателот на државата нема да биде изненаден од кандидатите за амбасадори. Има целосен пресврт во нивното назначување, наместо политички кадри, сега се именуваат професионалци, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашната емисија „Вин – Вин“ на телевизија Телма.

Како што објасни Димитров, согласно праксата, но и актуелниот Закон за надворешни работи, првиот чекор при назначувањето на амбасадорите е консултација со претседателиот на државата, а вториот е усвојување на предлозите за кандидати за амбасадори од страна на Владата.

Шефот на дипломатијата нагласи и дека интенцијата на новиот закон за надворешни работи е да им се врзат рацете на министрите и да се вопостави критериум.

-Бидејќи потекнувам од МНР, сакам да има мерит систем, сакам да ги врзам рацете на идните министри и своите раце, да има критериум. Ќе биде многу смешно и трагично ако синдикатот турка кон политизација, а раководството во МНР кон професионализација, подвлече Димитров.

Владата денеска на затворена седница ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори, што ќе биде доставена до претседателот на државата Стево Пендаровски.

Поврзани новости