918
Вкупно 15 сенатори од редовите на демократите и републиканците денеска во Сенатот поднесоа на разгледување нацрт-закон за ограничување на правото на претседателот на САД да одлучува самостојно за истапување од воената алијанса НАТО без одобрение на Сенатот.
Текстот на законскиот проект претставува нова верзија на сличен документ, одобрен од сенатскиот Комитет за надворешна политика во декември 2019 година, но поднесен за разгледување во целосен состав на Сенатот.
Во случај претседателот да се обиде да ги повлече САД од составот на НАТО без одобрение на Сенатот, нацрт законот предвидува забрана за финансирање на таквите активности, а исто така дава надлежност правен консултант на Конгресот да ги оспорува постапките на администрацијата на суд.