Спасовски: Од 660 двојни матични броеви во Скопје, поништени се 580

by Фокус

Само во одделот за управни работи во Скопје се евидентирани 660 двојни лични броеви, при што поништени се 580, а за 80 постапката е во тек, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако опозицискиот лидер Христијан Мицкоски денеска обвини дека 20 илјади граѓани имаат по два матични броеви.

-Постои матична евиденција за родените во Скопје, и во таква матична книга се 213 лица, а во другите матични канцеларии имаме остаток некаде околу 80 граѓани, лица кои имаат двојни матични броеви. Во Куманово целосно се поништени утврдените двојни матични броеви, додека во другите центри тие бројки се многу помали – рече Спасовски на ТВ 21.

Поврзани новости