Пратениците не го изгласаа економскиот пакет, Џафери бара карантин за Собранието

by Фокус

И покрај очекувањата, пратениците денес не го изгласаа последниот економски пакет мерки за стопанството и граѓаните.

Спикерот Талат Џафери констатираше дека Собранието е забарикадирано и условено во одлуките. Притоа, тој ја прекина седницата и побара карантин за Собранието, бидејќи имало инфицирани пратеници.

-Очигледно, вака како одат бројките со инфекцијата, утре имаме претседателство на Собранието, веројатно ќе биде тема и една од точките и прашањето за карантин за Собранието… Овде ја прекинувам работата, за продолжување на седниците дополнително ќе бидете известени – рече Џафери.

Претходно, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштаа пленарната сала, барајќи Џафери да ја стави на дневен ред 36-та седница за да ја изгласаат економската помош, а не 32-та седница.

„Власта преку Талат Џафери го опструира носењето закони со кои ќе се даде финансиска поддршка за најпогодените од корона кризата. Вистината е дека немаат пари, ги украдоа“, порача Александар Николоски од ДПМНЕ.

Јован Митрески од СДСМ, пак, претходно информираше дека тројца пратеници од СДСМ се болни, поради што неопходно беше кворум да направи опозицијата, меѓутоа одби да го стори тоа за се освен финансиската поддршка.

Поврзани новости