528
Семејствата на првостепено осудените во случајот „Монструм“ на денешниот протест на скопски Бит-пазар побараа нивно ослободување и обештетување, како и оставка од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
„Оваа пресуда, како и многу други, на пример „Сопот“, се политички монтирани и пример за злоупотреба на институциите против албанскиот народ во Македонија“, изјави член од семејството на еден од шестмината осудени на доживотна робија.