Демонстрантите на протестот носат со себе професионално изработен мозаик на кој ги има ликовите на Никола Груевски, Али Ахмети, Слободан Милошевиќ, Хитлер. На мозаикот пишува: „Ова е мозаикот на злото“. Засега на протестите е мирно, има многу малолетни лица со транспаренти, но според атмосферата може да се забележи дека некој од организаторите им наложил протстите да поминат во мирна атмосфера.
Од најавените контрапротести пред Влада засега нема ништо.