Селмани: Партиите сакаат да ја задржат контролата врз медиумите

by Фокус 17:45
17:45

Претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, денеска рече дека ЗНМ не е во војна ниту со СДСМ, ниту со некој друг и нагласи дека нивните предлози за вистински реформи на медиумскиот систем не и се допаѓаат на опозициската партија.

-Ние предлагаме системски и одржливи решенија, кои ќе ги ослободат медиумите од притисокот на партиите и на бизнисот. Бараме одговорност за нападите на новинарите и забрана за политичко рекламирање, кое ги претвори медиумите во прапагандно средство во рацете на политиката. Бараме, исто така, институционална автономија на јавниот сервис и професионален медиумски регулатор, рече Селмани.

- Advertising -

Тој додаде дека наспроти нивниот предлог, кој во суштина бара деполитизација и департизација на медиумскиот систем, политичките партии нудат решенија со кои сакаат да ја заддржат контролата врз медиумите.

Поврзани новости