СДСМ: Македонија е на петто место по смртност поради загаден воздух

by Фокус 18:48
18:48

-Во извештајот на Светска банка се наведува дека Македонија е на петото место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух, од  честичките ПМ 10. Најголем „успех“ на Никола Груевски е што успеа со непланските мерки и неводењето грижа за граѓаните  во последните 10 години да ги направи Битола, Скопје, Кавадарци и Кичево едни од најзагадените градови во Европа. Не можат граѓаните да бидат тие кои што треба да платат со највисоката цена – со животот, за лошите политики на Владата на Груевски и ВМРО ДПМНЕ, реагира денеска СДСМ на загадениот воздух во Македонија.

Од СДСМ велат дека е недозволиво власта да троши 630 милиони евра за споменици, милион евра за ЛЕД телевизори,а граѓаните да дишат загаден воздух.

- Advertisements -

-Од лошите политики на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, граѓаните дишат неколку пати позагаден воздух од максимално дозволените граници. Наместо парите да се трошат во реклами каде не убедуваат дека здравјето нема цена, добро е истите да се вложат во заштита на животната средина, затоа што навистина здравјето нема цена. СДСМ знае и има план како да ги ги промени овие алармантни состојби со огромната загаденост на воздухот и животната средина. Граѓаните имаат заедничка идеја: за чист воздух – збогум Никола, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости