Во тек се преговори за формирање на трет блок

by Фокус 17:06
17:06

Многу „помали“ политички партии, кои се надвор од големите коалиции на ВМРО-ДПМНЕ, преговараат за заеднички настап на претстојните парламентарни избори, неофицијално велат претставници од овие партиите.

Според партиски извори, меѓу нив се Демократскиот сојуз и ДОМ, чии лидери Павле Трајанов и Лиле Попоска ја напуштија коалицијата и пратеничката група на ДПМНЕ, а интерес за формирање на таканаречен трет блок пројавуваат уште и Алијансата за позитивна Македонија, Народното движење за Македонија, Фронтот за демократска Македонија, Достоинство…

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

– Има и други партии кои моментално преговараат со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ, па доколку им пропаднат преговорите не се исклучува да се вклучат во третата опција – велат нашите соговорници.

Поврзани новости