Селмани: И да се формира коалиција на албански партии, таа не може да освои повеќе од 30 пратеници

by fokus

Поранешниот кандидат за претседател, Имер Селмани во вечерашното гостување на ТВ 24 ја коментираше понудата на Али Ахмети за прв Албанец премиер.

Ова е предизборие во секој случај и е легитимна понуда. Секој на избори оди со понуда за која би добил повеќе гласови. Ова е легитимно и кај дел од граѓаните ќе побуди мотивација да гласаат повторно ДУИ. Ќе имаше многу поголема тежина, да не беше сега дадена понудата, туку пред да се формираат колаициите и листите. Ако го понудеше ова на сите албански партии. Вака остава сомнеж зошто ДУИ сама без коалиција, го нуди ова.
Легитимно е и опозиционите партии да ја критикуваат идејата, зашто тоа е голема идеја, но е тешко оставралива без поголема мобилизација имајќи го во предвид тоа дека за формирање влада потребни се 61 пратеник.
Но, и да имаме една коалиција на албански партии, таа може да освои околу 30 пратеници.
Борбата за голем Албанец и голем Македонец треба да се остави зад нас и да се фокусираме на квалитетна понуда, смета Селмани.

Поврзани новости