470
Платформата на албанските партии не претставува закана за Македонија, вели лидерот на ДР-ДПА,Зијадин Села за тв21 и останува на стојалиштето дека неговата партија нема да се откаже од тој документ.
Тој смета дека нема потреба Зоран Заев да се правда пред претседателот Ѓорге Иванов со откривање на Владината програма.
Села вели дека ВМРО-ДПМНЕ, Декларацијата ја користи за да манипулира со македонскиот народ, бидејќи според него, содржината на документот не претставува никаква опасност за Македонија.