Шекеринска во Берлин: Имаме поддршка за реформи

by fokus

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во рамки на дводневната посета на Берлин, оствари средби со претседателот на СПД Германија и кандидат за канцелар Мартин Шулц и со премиерот на Шведска, Стефан Лофвен.

Како што информира партијата, вчеравечер Шекеринска се сретнала и со Кнут Флекенштајн, европратеник и заменик претседавач на Пратеничката група на Социјалисти и демократи во ЕП.

– На средбите, заменик претседателката Шекеринска уште еднаш доби недвосмислена поддршка и охрабрување за напорите на СДСМ за демократизација на Македонија и спроведување реформи за остварување на евроатланските аспирации, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Денеска Шекеринска на состанокот на Президиумот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), ги информираше претставниците на сите сестрински партии од Европа за последните случувања во Р.Македонија и потезите на СДСМ во насока на надминување на политичката криза преку демократски средства.

Поврзани новости